Јазикот наш раскинат на три дела – Непризнат во два, понижен во три

Мајчиниот јазик е јазикот на кој мајките, уште пред да проговориме, ни го покажуваат светот. И ни кажуваат дека сме им сè на светот. Тоа е јазикот на кој таа емоција и ние им ја пренесуваме на нашите деца. Мојот мајчин јазик е македонскиот. На него се радуваме, на него плачеме и тагуваме. Тој е дел од нас. И кога тој е повреден, таа повреда и нас нè боли. И како потоа да не ти биде жал за него? Раскинат на три дела. Непризнат во два, понижен во три. Тој јазик што некогаш ги обединуваше сите негови говорители во еден двор, една дома, вели проф. д-р Елка Јачева-Улчар, научен советник во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.



Во 2000 година 21 февруари е промовиран како Ден на лингвистичката и културната разновидност и повеќејазичност.

Според статистичките податоци, во последните три века има изумирање или драматично намалување на јазиците. Во светот денес се зборуваат околу 6.500 јазици, а на околу половина им се заканува исчезнување во многу делови од светот.

Целиот текст на следниот линк:

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/elka-jacheva-ulchar-makedonskiot-jazik-e-raskinat-na-tri-dela-nepriznat-vo-dva-ponizhen-vo-tri/