Јавното здравје под напон, Собранието чека пратеници во скафандери

Со оглед на тоа што меѓу власта и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема договор за кворум владеачките партии ќе преземат досега невиден ризик и преседан во законодавниот дом.



Планот според власта е во Собранието е да влезат пратеници кои се во изолација облечени во скафандери и така да ги гласаат законите за кои нема договор со опозицијата.

„Ако не сакаат Алијанса за Албанците/Алтернатива да дојдат утре за кворум и за гласање, останува опцијата да се донесат во скафандери колегите кои се во изолација”, велат пратеници од владејачкото мнозинство за порталот СДК.мк.

Свесно мешање на лица заболени од Ковид-19 со граѓани во јавен објект е спорно од законски аспект затоа што оваа варијанта не е дел од ниту еден закон или протокол на владата за битка против короната.

Засега не е познат политичарот кој ќе стави параф на оваа одлука а кој што подоцна ќе се соочи со санкции кои можат да бидат и затворски.

Освен за пратениците со ставање на пратеници во скафандери ќе бидат загрозени и здравствените работници, луѓето што ќе им ги облекуваат скафандерите, возачи што ќе ги возат, полицајци и обезбедувањето на собрнието како и стручните служби во законодавниот дом.

За да се елиминира сета оваа опасност спикерот на Собранието може на дневен ред да го стави петтиот пакет за помош за граѓаните и фирмите по што ВМРО-ДПМНЕ според јавните изјави веднаш ќе се појави во Собранието и ќе гласа за.