Извори Јавното обвинителството за гонење организиран криминал и корупција информираат дека предпладнево истражители спроведуваат претрес во фирмата „Инвока гроуп“ преку која блискиот соработник на премиерот Заев Драги Рашковски купуваше софтвер кој не го користел никој.
Според истите извори претрес се врши и во станот на сопственикот на фирмата од која Владата го набави софтверот а која беше формирана кратко пред СДСМ да дојде на власт и Рашковски да стане генерален секретар на Владата.
Истрагата има за цел да се приберат докази за предистрагата отворена за случајот со софтверот за сообраќајни прекршоци во вредност од 81 000 евра што го набави поранешниот генсек на Владата, Драги Рашковски.
Софтверот за сообраќајни прекршоци што Рашковски го купил од „Инвока гроуп“, е идентичен со софтверот што е сопственост на Драги Рашковски.
Рашковски пред дваесетина дена замина на одмор во Мексико и од тогаш нема информации каде се наоѓа иако неофицијално се тврди дека е вратен и дека оди на работа во кабинетот на премиерот Заев.
Случајот го испитува и Антикорупциската комисија.






