Јавното обвинителство ќе следи евентуални нерегуларности на гласањето

Јавното обвинителство формираше привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на „кривични дела против изборите и гласањето“, како и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на локалните избори.



Како што велат, во текот на денешниот изборен ден ќе воспостават дополнителни дежурства. Во процес на меѓусебно координирано известување, Комисијата ќе го следи процесот на гласање. Добиените известувања веднаш ќе се проследуваат до соодветните основни јавни обвинителства, во насока на проверка на наводите и донесување на одлуки за натамошно постапување,соопштението. Во таа функција е отворената електронска адреса (izbori@jorm.mk) каде секој кој смета дека во некоја постапка има индиции за сторено кривично дело поврзано со изборниот процес може да достави поднесок или пријава до Комисијата за следење на изборни нерегуларности, појаснуваат од ЈО.