Јавното обвинителство ќе ги чешла исплатите во тимот на Јанева


Ако има сомнежи за извршено кривично дело откако ќе ги истражат сите околности за исплатите за тимот на Катица Јанева, ќе се постапи според надлежностите.



Но, дали ќе има финансиска истрага, прашање кое го покрена судската фела, се уште не се знае, вели Републичкиот обвинител Љубомир Јовески за Канал 5.

„Обвинителите ќе ги испитаат сите околности и правно релевантни факти за исплата на платите и додатоците и доколку се утврди дека има основано сомнение за извршено кривично дело, ќе се постапи согласно Закон“, вели Јовески.