Јавноста против Шилегов: Не ја чепкај Универална

Идејата за уривање на Универзална сала ја крена јавноста на нозе, го бунтуваше народот, кому му се приклучија и голем дел од актерите, музичките уметници, естрадните ѕвезди…



Македонската легенда и најзначајниот музички уметник во поп-рок-џез културата не само во Македонија туку и пиошироко, Влатко Стефановски, кусо се обрати  преку својот официјален Инстаграм профил со порака:

„Не го чепкајте храмот во кој настапувале Реј Чарлс, Џими Смит, Мек Којтинер, Би Би Кинг, Херби Хенкок, Шарл Азнавур, Дејвид Брн, Фреди Хабард, Чик Кореа, Брајан Фери, Мик Тејлор, Давид Силвијан, Џон Меклафлин, Џое Завинул, Лери Карлтон, Корни Група, Тајм, Ју Група, Индекси, Леб и Сол, ВС трио, Кингс оф Стрингс, Скопје Џез Фестивал… и други бројни уметници од земјава и од странство. Реновирање да, друго нееееееее“, напиша Стефановски на Инстаграм.

Најголемата македонска поп ѕвезда по заминувањето на Тоше Проески, идолот на младите генерации и пејачот чии хитови ги пејат и повозрасните, а токму во таа Универзална сала и како простор и како институција – организатор на Македонскиот радиски фестивал МАРС неговите песни последниве неколку  години во низа поред беа прогласувани за хитови на годината, Влатко Лозаноски – Лозано за Вистина.ком.мк го произнесе своето мислење:

„Дефинитивно треба да се направат некакви потези, превземат чекори за Универзална сала да се реновира или да се реобнови на истата локација. Универзална е уметнички музеј, дел од македонската музичка концертна историја. Таму се спомените и почетоците на многу уметници, но и на конзументите на уметноста.
Се надевам дека ќе се има слух за да не се урива, туку  ќе пронајде соодветно решение и Универзална ќе го врати стариот сјај како порано“ – изјави популарниот Лозано.


И македонската поп пејачка Ребека, која не само во својство на естраден уметник туку и како еден од основачите на здружението на граѓани за лица со дисфунцкии, хендикеп, ретки болести и посебни потреби ‘‘Дајте ни крилја‘‘  се огласи на социјалните мрежи потенцирајќи ја важноста и неопходноста од постоењето на Универзална сала. И тоа не само културен храм, туку и место каде хуманоста безброј пати се покажала на дело, а таа била сведок, протагонист и непосреден учесник и во двете: И во естрадно-уметничките перформанси и во хуманитарните настани и настапи.

Извор. Вистина.мк