По вчерашниот брутален напад пред неговиот дом во Скопје, Љупчо Палевски – Палчо, претседател на движењето „Трета“ и активист во партијата Глас за Македонија на Солза Грчева, тој се чувствува добро.
Палевски вчера заврши во болница каде му беа дијагностицирани тешки телесни повреди.
Палевски беше нападнат вчера околу 17 часот во близина на неговиот дом кај трговскиот центар Буњаковец. Според информациите од МВР, го нападнале две лица со метални шипки. Напаѓачите се превезувале со мотоцикл.
Наводно, нападот од „маскираните“ бил снимен од окоплни камери.
Нападот го осудија ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Глас за Македонија, Левица…

На социјалните мрежи се споделуваат фотографии од Палевски по нападот и од „Аџибадем Систина“ каде е хоспитализиран.





