“Народот кој што таму живее” ех Претседателе мој, се срамам од самиот себеси што те поддржав но и што водев кампања за тебе. Дојде време ни името на сопствениот народ македонски да не смееш да го изустиш.
Оваа порака до јавноста и претседателот Пендаровски ја упатува градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски.

,,Имајќи почит кон функцијата која што ја обавувате ќе се воздржам од дополнителни коментари но јавно се извинувам на граѓаните што направив грешка при мојот избор и агитирав за Вас да денеска неодговорно кон граѓаните ја извршувате оваа функција.
– Надминал македонецот и потешко и полошо и секогаш излегувал посилен.
Секоја чест за Р. Полска која уште од граѓанската војна во Грција ги прифати децата бегалци и им овозможи училишта на мајчин македонски јазик, докажан пријател и партнер на Македонија”, му порачува Димитриевски на Пендаровски кој од Полска пред неколку дена не рече ни Македонци ни македонски народ туку народот на Република Северна Македонија.
За разлика од него полските домаќини имаа почит кон ,,македонската делегација”.






