Јавниот повик уште тече, Владата допрва ќе одлучува за избор на универзален снабдувач со струја

Јавниот повик сеуште тече, а Владата допрва ќе одлучува за избор на универзален снабдувач со струја за граѓаните и малите домаќинства. Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека сите опции се во игра, и најави дека на сегашниот повик за универзален снабдувач за електрична енергија, се зависи од тоа што ќе понудат компаниите што конкурираат. Според Бектеши, ваквото барање ќе придонесе да се намали цената на струјата. Сегашниот договор со „ЕВН Хоум“ истекува следната година.



Аналитичарите во енергетскиот сектор се согласни дека со зголемениот интерес за учество на повикот за Универзален снабдувач на електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи, ќе се овозможи здрава конкуренција и намалување на маржата за снабдувачот, а тоа на крај би резултирало со пониски цени на електричната енергија за граѓаните, посебно во време кога цените на електричната енергија постојано одат во нагорна линија.