Вкупниот јавен долг годинава ќе надмине 65 проценти, покажуваат проекциите направени во Стратегијата за управување со јавниот долг на Македонија за 2023 – 2025 (со изгледи до 2027 година) доставена во Собранието.
– Наспроти растечкиот тренд кој беше евидентиран во периодот 2008 до 2016 година, јавниот долг во период по 2016 година до крајот на 2019 се стабилизираше. На почетокот на 2020 година, ескалирањето на здравствната пандемија на вирусот ковид 19 резултираше со намалена економска активност во глобални рамки, а соодветно на тоа ефектите се почуствуваа и во македонската економија. Освен ефектите од пандемијата кои се уште се присутни, исто така енергетската криза на почетокот на 2022 година придонесе за порастот на буџетскиот дефиците и врз порастот на јавниот долг. Државниот долг на крајот од К-1 од 2022 година изнесуваше 6.113,4 милиони евра, односно 48,7 проценти од преоктираниот БДП. Вкупниот јавен долг, кој го вклучува државниот долг и долгот на јавните препријатија основани од државата или од општините, општините во градот Скопје и град Скопје на крајот на К-1 2022 е на ниво од 7.170,7 милиони евра, што претставува 57,1 процент од проектираниот БДП – се наведува со Стратегијата.
Линк до целиот текст.







