Наводно, 31 годишник од Германија ја пресемал контроверзната група „Јавна соба“ која беше блокирана во Македонија.
Тој досега објавил над 500 експлицитни фотографии од девојки и од момчиња од Македонија, на сајт кој од пред две недели е одново активен.
Станува збор за истите фотографии кои неодамна беа објавени во групата „Јавна соба“ на Телеграм, а кои беа избришани по интервенција на Министерството за внатрешни работи , дознава „Плусинфо“.




