Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски соопшти дека две лица, едно во Битола и едно во Велес, се приведени во врска со случајот „Јавна соба“, а се преземаат мерки и активности и кон други лица.



Тој оваа информација ја сподели на социјалните мрежи.

Реагираше и премиерот Зоран Заев кој денеска објави статус во кој информира дека земјава побарала од Телеграм, бришење на групата, а се закани доколку не биде тоа сторено, ќе се размислува и за забрана на апликацијата на територијата на Македонија.