Јасно е дека ние и Македонците сме едно, вели бивш бугарски амбасадор во Скопје

Европратеникот и поранешен амбасадор на Бугарија во Скопје, Александар Јорданов, во интервју за телевизијата Канал 3 ги повтори своите и бугарски погледи за „бугарскиот“ карактер на македонскиот идентитет.



„Македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот литературен јазик. Во Северна Македонија многу луѓе со децении се хранат со скандалите и со пропагандата против Бугарија, Голем проблем таму е шпто политиката се меша во науката“, изјави тој.

„Бугарскиот јазик се појавува природно во историјата благодарение на делото на многу писатели. Такво нешто не постои во Северна Македонија. Таму Комунистичката партија нареди да се создаде македонски јазик и тоа се случи. Наидов на необјавени книги од еден автор, Караманов, кој во 1943 година во својот роман ‘Народот’ пишува дека нема разлика меѓу бугарскиот и македонскиот народ“, додава Јорданов.

„Спорот околу Гоце Делчев е луд. Зборуваме за него бидејќи Пејо Јаворов бил близок со војводата Делчев и ја напипал неговата биографија. Денес знаеме за Гоце Делчев благодарение на оваа биографија. Како ќе ја отвори душата Гоце Делчев пред бугарскиот поет Пејо Јаворов ако е Македонец? Јасно е дека Бугарите и Македонците сме едно. Тоа го оспоруваат само спроведувачите на македонизмот и Коминтерната, затоа што тие живеат и се хранат благодарение на скандалите со Бугарија. Во Бугарија има и неранимајковци подготвени да си ја продадат својата земја заради некакви неолиберални глупости“, заклучи ексамбасадорот.