„Познатиот актер од Тетово Џевдет Јашари, познат како Арифхикмет, реагираше преку своја објава на фејсбук, откако Билал Касами, градоначалникот на Тетово, објави во колкав долг ја остави оваа општина нејзината претходна претседателка Теута Арифи. Јашари побара правда и казна за оние што ја злоупотребиле функцијата и кои краделе од народот. Тој направи една споредба.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Монитор.мк“, пренесувајќи ја исцело објавата на Јашари:
„Јас и сите жители на Тетово бараме бараме правда од претседателот на општината Билал Касами… КАЗНА ЗА СЕКОЈ УКРАДЕН ЦЕНТ!
КАЈ НАС, АЛБАНЦИТЕ, НЕ ВАЖИ НИШТО ОСВЕН КАЗНАТА… КОГА НИЕ КРАДЕМЕ НЕ МИСЛИМЕ НА БОГА… ЗАТОА, НЕМА МИЛОСТ ЗА АЈДУКОТ! ТОЈ ГО ИСПОКРАДЕ ЦЕЛО ЕДНО НАСЕЛЕНИЕ И НИЕ ДА ИМАМЕ МИЛОСТ ЗА ТОА ГО*НО! КАЗНА ЗА АЈДУЦИТЕ! 24 е*ани МИЛИОНИ ЕВРА, ЕЕЕЈ!“
„Може ли во една Норвешка претседател на општина да украде 24 милиони евра, каде што, во таа иста држава претседател на тамошна општина поднел оставка само поради тоа што ја се збркал и наместо со своја платежна картичка платил ‘Орбит’ со картичка од општината, еееј! КРВОПИЈЦИ, АРАМ ДА ВИ Е!“ – порачува тетовскиот актер Јашари во својата објава на фејсбук, пренесувана од „Монитор.мк“





