Јашари немал право да дозволи младиот Џафери да полага правосуден испит без диплома

????????????????????????????????????

Имал ли дискреционо право министерот за правда да им дозволи на синот на Талат Џафери, Барлет, и на уште 448 студенти да полагаат правосуден испит е правната дилема откако Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) објави дека не може да отвори предмет против синот на претседателот на Собранието, затоа што поранешниот министер за правда Аднан Јашари ги поништил документите од кои може да се утврди како Џафери помладиот полагал правосуден испит пред да заврши правен факултет – пишува МКД.мк.



Министерот за правда вели дека таквото право било злоупотребено и дека тој за десетте месеци колку што е министер не ни помислил да даде некому право предвреме да полага правосуден испит.

„Дефинитивно, некој го искористил тоа дискреционо овластување и токму затоа законот е изменет за да не постои никаква можност во иднина. Јас 10 месеци сум министер, не сум ни помислил да дадам некому предвремено да полага правосуден испит”, вели министерот Никола Тупанчески.

Дел од адвокатската фела не мисли како министерот. Адвокатот Дељо Кадиев е дециден дека такво право воопшто и не постоело.

„Членот 12 од Законот за правосуден испит не може да биде извор од каде што министерот за правда го црпел правото да одлучува дали некој ги исполнил условите за полагање правосуден испит. Дискреционото право е право што му се дава на одреден функционер и надвор од правилата да донесе одлука. Најдобар пример за тоа е Законот за државјанство, кога иако некој не ги исполнува правилата, сепак со дискреционото право надлежните одлучуваат да му дадат некому државјанство”, вели Kадиев.

А во членот 12 од Законот за правосуден испит пишува дека министерот за правда, или од него овластено лице, со решение утврдува дали кандидатот ги исполнува условите за полагање на испитот.

Вишиот просветен инспектор во пензија Ѓорѓи Илиевски вели дека министерот имал дискреционо право, но не да му дозволи на Џафери да полага правосуден испит без завршен факултет.

„Министерот не смеел да дозволи полагање правосуден испит без завршен факултет. Тоа е криминал. Единствено што можел со дискреционото право е да дозволи полагање на испитот само ако на кандидатот евентуално му фалеле два до три месеци од работата во некоја државна институција, уште еден услов што е потребен за полагање правосуден испит. Тоа би било исто како министерот за здравство да му дозволи на лекарот од Вевчани да специјализира, а тој нема завршено медицински факултет”, вели Илиевски.

Целиот текст на следниот линк:

https://www.mkd.mk/makedonija/obrazovanie-i-zdravstvo/naslov