„Бехтел и Енка“ во Србија се одбрани со тендер, кај нас директно, без тендер со договор напишан во 4 очи.



Ова е првата разлика кога ќе се споредат договорите за изградба на автопатите во Србија и во Македонија склучени со конзиорцииумот „Бехтел и Енка“, вели пратеникот Тони Јаревски во коментар на ставот на првиот вицепремиер и координатор за изградбата на коридорите „8“ и 10-д“, Артан Груби кој тврди дека нема разлика во договорите.

Моравскиот коридор“ од 600 милиони скокна на 2,4 милиони евра

Јаревски во статус на Фејсбук натаму набројува:

2.Автопатот со приближно иста должина во Србија вреди 750 милиони евра, во Македонија почетната вредност со истата „Бехтел и Енка“ вреди 1.350 милијарди евра.

4.Километар автопат во Србија од „Бехтел и Енка“ вреди 7 милиони евра, во Македонија 20 милиони евра.

5. Надзор во Србија е професионална фирма, надзор во Македонија е фирма за долна облека со 4 вработени.

Според Јаревски, Груби со информацијата дека договорите на Србија и Македонија со „Бехтел и Енка“ се исти станал покрај „координаторот за сомнителни тендери со отворен сомнеж за криминал во Владата односно фабрика за пари, уште и фабрика за лажни вести“.

Груби вчера на својот фејсбук профил тврдеше дека „со истиот посебен закон, со истиот договор, компанијата „Бехтел и Енка“ гради и во Србија…