Јапонскиот вљубеник во Македонија: ,,Само ти си бесмртна, жива вода… ” (ВИДЕО)

Јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу кој важи за вљубеник во македонската песна и култура повторно доби инспирација да испее уште една македонска народна песна.



Овој пат тој ја пее легендарната „Заветна“, која е посветена на Македонија.

Песната во оригинал ја пее Пепи Бафтировски а е авторско дело на браќата Барбаровски.Ш

Котецу е веќе познат на македонската јавноста со повеќе изведби на македонски песни од повеќе жанрови, претходно со својата колешка сопранот Томоми Шимамура ја отпеаа безвременската песна „Македонско девојче“ на Јонче Христовски.