Јапонскиот премиер јадеше риба од Фукушима

Јапонскиот премиер Фумио Кишида јадеше риба сашими од Фукушима во видео објавено од јапонската влада, пренесува Би-би-си.



Ова следува по контраверзиите во врска со испуштањето пречистена радиоактивна отпадна вода од нуклеарната централа во Фукушима.

Регулаторот за атомска енергија на Обединетите нации вели дека испуштањето филтрирана вода во Тихиот Океан е безбедно и ќе има незначително влијание врз луѓето и животната средина.

Но, Кина, водечкиот купувач на јапонската риба, објави дека воведува целосна забрана за морски производи од Јапонија поради загриженоста за здравјето на потрошувачите.