За прв па по два века, цар на највеојатно најстарата империја на светот која влече рвна линија стара 2.600 години , денеска се повлече , препуштајки го тронот на синот.
Јапонскиот цар Акихито абдицираше на историска церемонија во Токио, доброволно предаајќи го царскиот престол на Империјатана Сонцето на синот Нарихито.
Уптепред две години, царот Акихито најави дека сака да се повлече поради проблеми со неговите години, но тоа му беше дозволено преднеколку месеци од јапонскиот парламент.
Принцот Нарухито официјално ќе го наследи тронот утре, со што ќе почне нова ера во земјата.
Во својот последен говор како цар, Акихито им посака мир и просперитет на Јапонија и светот.
„Длабоко сум му благодарен на народот што ме прифатил како симбол и ме поддржуваше. Од срце се надевам дека новата ера Реива ќе биде мирна и плодна и затоа се молам за среќа и добросостојба на нашата земја и на луѓето околу светот“, кажа царот на заминување.





