Јапонската влада понуди стимулација од 7.500 долари (1 милион јени) по дете на семејствата кои ќе се иселат од Токио, во обид да се запре опаѓањерто на населението во другите неразвиени региони, пишува Гардијан.
Мерката ќе биде воведена во април, а понудениот надомест е дел од обидот да се поттикне животот во градовите и селата каде што населението се намалува, пишува Гардијан.
Како што пишува британскиот весник, иако населението во Токио се намали за прв пат минатата година, што делумно се објаснува со пандемијата на коронавирус, креаторите на политиката веруваат дека треба да се направи повеќе за да се намали густината на населението во главниот град и да се охрабрат луѓето да започнат нови животи во „непопуларни“ средини.
Исплатата, која може да достигне максимум 23.000 долари, ќе биде достапна за семејствата кои живеат во 23 „централни“ области на Токио и соседните префектури.
За да ги добијат бенефициите, семејствата мора да се преселат надвор од поширокото подрачје на Токио, иако некои би можеле да добијат компензација за преселба во планинските области на територијата на градот, објави новинската агенција Кјодо, цитирајќи официјални претставници.






