Јапонскиот премиер Шинзо Абе денеска ги отфрли притисоците за промена на распоредот, па дури и за одложување на Олимписките игри во Токио.



Иако спортските настани низ целиот свет се одложуваат поради пандемијата на коронавирус, Абе вети дека Јапонија ќе одржи олимписките игри како што беше планирано – меѓу јули и август – и рече дека нема намера да прогласи вонредна состојба.

Изјавата на Абе доаѓа два дена откако американскиот претседател Доналд Трамп рече дека јапонскиот главен град треба да ги одложи Игрите за една година поради пандемијата на КОВИД-19.

„Ќе одговориме на ситуацијата во координација со службените лица, вклучително и Меѓународниот олимписки комитет (МОК). Нема промена во овој поглед’ изјави Шинзо Абе.