Јапонија: Оставка на шефот на полицијата поради убиството на Шинзо Абе

Директорот на јапонската Национална полициска агенција, Итару Накамура денеска поднесе оставка откако истрагата ги потврди „недостатоците“ во безбедносните планови, што резултираше со атентат врз поранешниот премиер Шинѕо Абе.



Според експертите безбедноста во западниот јапонски град Нара била несоодветна.

„Телохранителите можеа да го спасат Абе, така што ќе го заштитат или ќе го повлечат за 2,5 секунди меѓу првиот истрел и вториот што беше фатален, изјавија безбедносни експерти кои ја прегледаа снимката.

Јапонските власти, вклучително и премиерот Фумио Кишида, ги признаа безбедносните пропусти околу појавувањето на Абе на предизборниот митинг.