Со триумфот над Шпанија од 2:1, фудбалската репрезентација на Јапонија не само што се пласира во осминафиналето на Светското првенство во Катар заедно со „црвената фурија“, туку и го спакува еден од фаворитите за шампионскиот пехар Германија, правејќи ѝ ја залудна победата од 4:2 над Костарика!
Исто како против Германците, Јапонците губеа по голот на Мората во првото полувреме, но во почетокот на второто за три минути направија пресврт преку Доан и Танака и завршија на врвот во групата Е, обезбедувајќи дуел со Хрватска во првиот круг од елиминациите.
„Панцерите“, пак, забележаа пирова победа над Костарика, и тоа откако на полувреме водеа со голот на Гнабри, но дозволија противникот да го сврти резултатот преку Техеда и со автоголот на Ноер, пред двојниот стрелец Хаверц и Фулкруг во завршницата да ѝ донесат израмнување на табелата со Шпанија. Избраниците на Раул Гонзалес, сепак, одат понатаму како втори поради подобрата гол-разлика и во осминафиналето ќе се соочат со Мароко.
Покрај елиминацијата на четирикратниот светски првак, сензација на денот е и елиминацијата на „бронзената“ Белгија од претходното СП по ремито без голови со Хрватска, а Мароканците се први во групата Ф благодарејќи на победата над Канада од 2:1.
Кратко видео со најважните моменти од натпреварот Јапонија – Шпанија на линкот:
https://www.fifa.com/fifaplus/en/watch/5NqkEQyDpVWA8tSKD2JUnh





