Три дена по атомското бомбардирање на Хирошима, Јапонија, американски бомбардер фрли нуклеарна бомба („Fat man“) врз Нагасаки.
Денеска, Јапонија одржа церемонија по повод 78-годишнината од атомскиот напад, а премиерот Фумио Кишида им се обрати на присутните преку видео порака.
Атомското бомбардирање на Нагасаки дојде три дена откако американскиот бомбардер Б-29, Енола Геј, го изврши првиот нуклеарен напад во светот во Хирошима на 6 август 1945 година, за време на Втората светска војна.
Во двете нуклеарни експлозии загинаа повеќе од 215.000 луѓе, а илјадници други починаа подоцна од повреди и болести поврзани со радијација.
Јапонија се предаде шест дена подоцна, на 15 август 1944, ставајќи крај на воената агресија што ја доведе во Втората светска војна.







