Од околу обработени 20 проценти од гласовите, ВМРО-ДПМНЕ веќе има предност од околу над 10 илјади гласови, истакна вечерва Игор Јанушев од штабот на отворено на ВМРО-ДПМНЕ.
„Победуваме во Гази Баба со 2:1, Аеродром 2:1, Илинден, Кратово, Кривогаштани со 2:1, победуваме во Охрид и Прилеп веќе имаме сериозно водство иста ситуација е во Радовиш, Свети Николе и Бутел имаме предност од 2:1, во Кисела Вода и Велес исто така победуваме. Обновата доаѓа, исправи се Македонија, вели Јанушев.
Тој додава дека водат во речиси сите македонски општини и тоа со околу 7-8 пратеника.






