Јас разбирам дека за вас е прифатливо тоа што сакате денес да го гласате бидејќи за вас не е проблем да биде „јазикот на граѓаните на Република Северна Македонија“ бидејќи тоа сте вие – oднародени мрсници. Да, да те гледам во очи и ти кажувам дека сте однароден мрсник бугарски. Од сега сте СДСБ, СДС-Бугарска, ништо повеќе и ништо помалку. Со овие зборови се обрати од говорницата пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев додека неговиот поглед беше насочен кон премиерот Димитар Ковачевски, во финишот од дебатата за францускиот предлог.
На претседателот на Владата и на сите од власта тој им порача дека сите до еден ќе лежат во затвор за предавство.
Македонскиот народ е трпелив, македонскиот народ тоа го покажал низ историјата, но македонскиот народ е и кроток, македонскиот народ знае да прости, но за некои работи нема простување, рече Јанушев.
Тој се осврна и на протестите и односот на репресивниот дел од државата кон тие што излегоа да го искажат својот став кон државните интереси, а против бугаризација.
„И ова што го правите сега е исто како она што го правевте минатите денови за луѓето што маваа со јајца, а им определувавте притвор. Но, за оние со пиштолите кај ‘Скендербег’ излезе дека тие имале цвеќе. Срамота, патетични сте, изгубени сте и само да ве потсетам една работа која што колегата Ковачки ви ја кажа пред два дена – ќе си лежите сите до еден за предавство, ќе си лежите и ќе си одговарате сите до еден. Да, читајте книга претседателе на владата, климајте со глава и смејте се, тука ви е Тупанче прашајте го, ова согласно кривичен закон што го правите е велепредавство, за ова се одговара, и ќе одговарате сите до еден. Затоа што не сме ни глупи не сме ни слепи, луѓето кои што излегуваат и кои што ви кажуваат да кажете не, еден ден, а тоа ќе биде многу брзо, ќе дојдат по своето. Затоа што големо ни е името, голема ни е нацијата, големо ни е наследството, Македонецот е горд, и Македонецот ова нема да го дозволи”, истакна Јанушев.







