Јанушев е негативен на коронавирус, покажа тестот

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев е негативен на коронавирусот, дознава Прес24.



Тој итно направи тест откако пред три дена гостуваше на дебата во ТВ 24, заедно со потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, кој денеска преку Фејсбук објави дека тој заедно со сопругата и ќерката се позитивни.

Јанушев му посака брзо закрепнување на Зекири.

Тој уште еднаш апелираше апелираше да не се потценува состојбата со вирусот, ниту да се релавитизира, и да се пристапи максимално сериозно.

„Состојбата со заразата е алармантна. Денешните настани укажуваат на тоа дека треба да се пристапи со огромна сериозност. Да се зборува за избори во една ваква состојба е неодговорно кон граѓаните. Нужна е заштита на здравјето“!- вели Јанушев.