Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, и одметнатиот пратеник на Беса, Кастриот Реџепи, за своето повлекување од иницијативата на опозицијата за уривање на Владата и формирање ново парламентарно мнозинство пред два месеца како клучен аргумент го наведоа очекувањето Македонија да добие датум за почеток на преговори со Европската унија во јануари.



Првиот месец од 2022 година завршува за некој час, а од фамозниот датум на Гаши и Реџепи ни трага ни глас…