Премиерот на Словенија, Јанез Јанша, во интервју за државната Радиотелевизија Словенија сподели шокантен резон на лидер на влијателна на Европската унија во врска со проширувањето со преостанатите земји од Балканот.
„Еден од лидерите, нема да го кажам името, но тој е од група држави што го сочинуваат јадрото на ЕУ, во една дебата дури кажа зошто би ги примиле во Европската унија, бидејќи сега се поевтини како работна сила. Се чини, тука има некои пречки, некаква доминација на себични, тесни, дури би го употребил и тој збор, националистички интереси на некои земји. Пред она што е сосема јасно на некој што ја гледа и шумата. Европската унија беше проект создаден за да ја направи Европа цела, слободна и во мир со себе и со нејзиното соседство. Сè уште не е завршен, бидејќи многу земји кои би сакале да станат членки на Европската унија сè уште се слободни. Некои земји се далеку од тоа да бидат слободни и не се во мир со самите себе, ако ги видиме сите овие конфликти. Овој проект треба да продолжи и проширувањето е суштински елемент за продолжување на овој проект“, изјави Јанша.
Според шефот на словенечката Влада, токму наметнувањето на темата за проширувањето на ЕУ била еден од успесите на претседавањето на неговата земја со Унијата што завршува за два дена.
„Стратешки успех е што се вративме на масата за проширување како еден од клучните стратешки проекти. Овде се водеше голема дебата, а јас самиот илјада пати кажав дека по сето она што го доживуваме сега на исток, по сето она што го доживеавме на Балканот во последните децении, по сето она што се случува, по сите овие одложувања, совршено ни е јасно дека Европската унија мора да се ослободи од илузијата дека работите ќе си тргнат сами од себе. Јас самиот го сумирав ова сознание во една реченица – мора да ни биде јасно дека, ако не се шири просторот на слобода и просперитет или ако не се шири Европската унија, ќе се шири некој друг“, објасни Јанша.






