Словенечкиот премиер Јанез Јанша е единствениот странски премиер кој упатува порака со поддршка на македонски јазик до македонските граѓани кои се соочуваат со пожарите.
“Храбро, Македонија. Вие не сте сами во борбата против огнот. 🇸🇮 🇲🇰 🇪🇺”, напиша Јанша на Твитер во врска со состојбата во Македонија и помош шта која што од Словенија пристигна во земјава во битката со пожарите.
Пораката на Јанша доаѓа по одлуката на словенечките власти да изврши ротација односно замена на 52 словенечки пожарникари и експерти кои дојдоа да помагаат при гадење на пожарите.
Храбро, Македонија. Вие не сте сами во борбата против огнот. 🇸🇮 🇲🇰 🇪🇺 https://t.co/PYsxqxCvWk
— Janez Janša (@JJansaSDS) August 10, 2021






