Премиерот на Словенија, Јанез Јанша, вели дека е можен напредок во процесот на проширување на ЕУ со Скопје и Тирана во октомври доколку има согласност на земјите – членки, јави дописничката на МИА од Брисел.
Словенечкиот премиер, на прес конференција по обраќањерто пред европратениците во Стразбур денеска, рече дека не ги разбира земјите – членки на ЕУ кои се противат на проширувањето, но смета дека е потребна дебата на темата.
„Постои дилема во Европа дали проширувањето е од стратешка важност или не“, рече Јанша.
Тој нагласи нагласи дека во последните петнаесет години ЕУ не само што не се проширила, туку се намалила.
Во меѓувреме, додаде Јанша, други сили влијаат врз регионот на Западниот Балкан.
„ЕУ поминува премногу време да одговара тактички на последиците создадени од другите, ЕУ е прекрасна идеја и сакаме други земји да се приклучат, правиме сѐ што можеме да им помогнеме на овие земји да се приклучат“, рече Јанша
За Словенија која од 1 јули е претседавач со ЕУ, проширувањето треба да биде врвен приоритет во Советот на ЕУ помеѓу земјите – членки.






