Јанша му посака „голема победа“ на ВМРО-ДПМНЕ

Словенечкиот премиер Јанез Јанша им посака на ВМРО-ДПМНЕ и на нејзиниот лидер Христијан Мицкоски „голема победа“ на претстојните предвремени парламентарни избори.



„Им посакуваме на нашата сестринска партија од ЕПП, ВМРО-ДПМНЕ, и нејзиниот претседател Христијан Мицкоски голема победа на претстојните парламентарни избори“, се вели во пораката на поддршка од лидерот на Словенечката демократска странка.