Јанкуловски: Знамето е порака до власта дека не дозволуваме да бидеме газени

…Дали власта не знае или се прави недоветна за ова кога прогонува затоа што (адвокатот Тони) Менкиновски го веел знамето од Кутлеш?



Дали е свесна дека криминализирајќи ја слободата да се вее знамето од Кутлеш ја отсликува својата авторитарност?

Власт што сака да забрани изразување идеја, протест, едноставно затоа што таа смета дека самата идеја и протестот се навредливи или непријатни, се поставува над општеството и волјата на народот, несвесна дека го гази правото на пасивен политички говор, ако воопшто разбира што е тоа“ пишува професорот Звонимир Јанкулоски во колумна за „Нова Македонија“.

Истакнувањето на „македонското сонце“ претставува чин на идентификација, достоинство и гордост на секој етнички Македонец, изјави Менкиноски.

„Многу повеќе, мојата дефиниција за тоа што значи ова знаме за Македонецот е: Слобода. И оваа апстрактна идеја најмногу го претставува моето право и правото на секој во оваа држава на слободен говор. Тоа значи да имам глас, да можам да ја кажам мојата приказна, да се согласувам или да не се согласувам, или да ги споделувам моите мислења без да ме замолчат“ вели Јанкуловски.

…оваа власт очигледно се срами од знамето што било прво национално знаме на независна Македонија. Ниту историја, ниту почит. Освен казна за оние што сѐ уште го доживуваат знамето од Кутлеш како идентитетска идентификација на Македонците. Тоа е сликата на авторитарна Македонија со оваа власт. Слика на власт без демократски капацитет и чувство на национална гордост за својата историја и историски симболи.

Овој прогон на знамето што е дел од фактичкиот период во нашата историја кога Македонија ја градеше државноста во турбулентно опкружување во 1990-тите е можност за поцелосно да се разбере ваквото историско наследство и да застанеме зад значењето на знамето и неговата симболика за слобода, која денес одекнува посилно од кога било. За многу поединци денес знамето од Кутлеш е повеќе од знаме: тоа претставува основен принцип на индивидуалната слобода за кој вреди да се бориме.

Постои едноставен чекор што можеме да го преземеме за да покажеме дека ги поддржуваме вредностите на независноста, слободата и сите жртви што ги направија нашите предци за овие слободи и права.

Знамето е порака до власта дека не дозволуваме да бидеме газени, порачува Јанкуловски.