Јанкуловски: „Загазивме во тоталитаризмот – напаѓајќи го слободниот говор, власта ќе стане извор на терор за граѓаните“

„Од каде толкав страв кај власта од слободниот говор? По сѐ што направи на полето на односите со соседите, евроинтеграциите, НАТО-членството, „успешното“ менаџирање на здравствената, а сега и енергетската криза. По сите „жртви“ на власта, зарем гласот на нас малкумина може да ги загрози ваквите колосални, историски успеси? Не верувам.“ – вели универзитетскиот професор Звонимир Јанкуловски во својата колумна со наслов „Кога лицемерите се навредени од вистината“, која ја објави весникот „Нова Македонија“.

Јанкуловски пишува: „Кога власта е посветена на принципот на замолчување на гласот на неистомислениците, може да оди само по патот на сè порепресивните мерки, додека не стане извор на терор за сите свои граѓани и не создаде земја, во која сите живеат во страв. Македонците го губат темелното право да го кажат своето мислење и јавно да го изразат своето мислење без страв дека ќе бидат сатанизирани, избегнувани или казнувани.“

„До каде отидовме како држава: да се плашиш да го изразиш своето мислење. Ако слободата воопшто значи нешто, тоа значи право да им се каже на луѓето она што не сакаат да го слушнат. Зарем можам да барам од дегенерирани умови да го разберат ова? Да барам од лицемери да не бидат навредени од вистината. Наместо слобода добивме цензура и казнување за изразено мислење.“

„Власта го продолжува притисокот врз говорниците да ги променат нивните ставови, или да го изменат својот јазик, директно напаѓајќи врз слободата на говорот. Нè цензурираат на општествените мрежи, прават да се плашиме воопшто да зборуваме: цел систем поддржан од власта е дизајниран да се самоцензурираме, плашејќи ги луѓето да ги изразат своите политички ставови за конкретни теми.“

„За таа цел власта сиве години наместо да користи убедување и реторика за да ги потврди своите ставови, работи на делегитимирање на личноста. што ја води расправата преку ‘убиство’ на ликот, демонизација и тактики за дехуманизирање. Ова е застрашувачки обид да се замолчи слободата на говорот. Длабоко сме загазени во тоталитаризмот со оваа власт.“

„Од каде толкав страв кај власта од слободниот говор. По сѐ што направи за оваа држава на полето на односите со соседите, евроинтеграциите, НАТО-членството, ‘успешното’ менаџирање на здравствената, а сега и енергетската криза. По сите ‘жртви’ на власта, зарем гласот на нас малкумина може да ги загрози ваквите колосални, историски успеси? Не верувам. Тогаш зошто ѝ се цензурата и тивкото убиство на слободната мисла?“

Интернет-врска до целата колумна:



https://www.novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/koga-licemerite-se-navredeni-od-vistinata/