Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска во сведочењето за настаните од 27 април изјави дека ВМРО-ДПМНЕ не била организатор на протестите кои се случуваа тој и претходните денови.



„Партијата никогаш не излезе со формален став за ова движење. Исто така одлука на Извршниот комитет, во кој бев член, за поддршка на протестите не беше донесена“,  нагласи Јанкуловска.

Јанкуловска додаде и дека Спиро Ристовски никогаш не бил член на ниту едно партиско тело.

„Не се сеќавам на било каква комуникација со Ристовски тој ден ниту пак дека се видовмеа“,  појасни Јанкуловска.

На 27 април цел ден била во партијата и не се случувало ништо посебно и околу 17 часот си отишла дома и видела на телевизија што се случува во Собранието.

Таа додаде дека Миле Јанакиески немал никаква комуникација со општински комитети поврзани со протестите.