Јанкуловска го поддржува актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ

„Партијата односно ВМРО-ДПМНЕ не е еден човек, не е еден тим. Партијата е идеја. И сите ние се идентификуваме со таа идеја. Единството во партијата е многу значајно, и ВМРО-ДПМНЕ има легитимно избрано раководство. И токму тоа раководство кое е легитимно избрано и поддржано на Конгрес преку делегатите и мнозинството членови ја има мојата поддршка“, изјави поранешната министерка за внатрешни Гордана Јанкуловска во гостување во емисијата „360 степени“ на МРТВ.



Јанкуловска нема за што да разговара со Груевски

За средбата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека била средба на стари пријатели.

„Да бидам искрена јас без оглед што сум оддалечена од дневно политичките настани и се она што се случува, мојот интерес не е намален. Така што таа средба освен како средба на стари пријатели ина луѓе што се познаваат беше идобра можност да се информирам за некои работи кои што до крај не ми беа јасни“, рече таа.

„И средбите и разговорите па и ставовите немам ниакков проблем да ги кажам јавно, јас стојам зад тоа што гокажувам. Немам проблем нити да се видам со некого што гопочитувам, нити да се видам со некого кој што сака да се види со мене“, рече Јанкуловска.