Јанко ,,Јади Бурек” за 4 месеци ослабел 26 килограми

Водителот на ,,Јади Бурек”, една од емисиите што најдолго се емитуваат во Македонија слабеел во просек по 210 грама дневно од лани во ноември до март годинава. (Пресметката е за периодот од 15.11 до 15.03).



ТВ водителот објави дека се уште не запрел со процесот на слабеење и дека планира да дојде до 70 килограми што би било 45 килограми помалку од неговата ланска тежина.

,,Првата сликана ноември 2022, на велешко езеро, втората март 2023 Лимак. Разлика преку 26 килограми 115 > 89. Со програма и борба. Се уште слабеам и ќе слабеам. Како? Утревечер во Јади Бурек детално”, напиша вечерва популарниот Илковски објавувајќи комбинација од двете фотографии кои покажуваат драстична разлика во килажата и изгледот.