ТВ водителот и новинар Јанко Илковски реагира на барањето да плати данок на општина Охрид каде што тој не а никаков имот.
Иако Илковски директно не обвинува сепак од тоа што го пишува може да се заклучи дека е предмет на невообичаен интерес од страна на институции иако нема никаква причина за тоа.
Целиот статус на Илковски:
Драга почитувана Општино Охрид, неколку години по ред ми испраќате редовно на мојата адреса барање за данок за стан во Охрид.
Со почит, ве молам, излезете од кожурецот на бирократијата и поштедете се од јавен блам и изгубен судски случај. Се обидов да не го правам јавно но и покрај сите моои усилби не можам да добијам воопшто контакт со било кој од вас во општината, нејсе.
-Лицето до кое праќате барањето- Илковски Јанко Живко е починато 2001, јас сум Јанко Живко Илковски, иако е слично разликата е огромна. Да тоа е татко ми Живко, а Јанко е името на мојот дедо починат 1958.
-Јас не поседувам никаков имот во Охрид и тоа може лесно да се утврди во УЈП, и покрај тоа што вашата подрачна мисли поинаку. Секако можеби немате податок дека лицето Живко Илковски е одамна починато, но јас најмалку сум должен да известувам било кого.
-Татко ми кога почина од имот имаше само куќа, која беше предемет на судска делба меѓу нас, негвите најблиски, никој од нас не наследи никаков стан во Охрид или било каков друг имот таму.
-Не поседувамн никаков документ, но можеби он имал некаков стан во Охрид кој го предал многу години пред неговата смрт. Кому, што и како, не би можел даа ви кажам, немам податок, ниту документ, ниту сум имал поим што татко ми правел во животот купувал или продавал. На таа адреса сигурно живее некој, не ќе е лошо да си видите кој го поседува имотот и врз основа на каков договор.
Реков не е моја грижа, немам наследено ниту поседувам било што во Охрид.
Вашите барања за данок од мојот починат татко (а сум убеден дека мислите дека се работи за мене, Јанко Илковски) ви е потполно погрешна и само ве уверувам дека не може да помине ни нотар, извршител или суд, едноставно лицето е починато, а тој имот никој не го налседил од фамилијата.
Со должна почит, се чудам како тоа до 2016 никогаш не е испратено барање за данок до татко ми на ова адреса? како тоа скоро 20 години од неговата смрт барате нешто што не е во негова а ни моја посед? Не знам, ваше е но знајте слободно блокирајте му ја сметката во банка, се надевам дека ќе ви вроди со плод, а од мене не можете ништо да добиете оти немам таков имот ниту во наследство.
Инаку татко ми не живее на Железничка 30, додуша таа улица одмна не постои, сега е Јордан Мијалков. Барајте го слободно стариот мој, последен пат беше на адреса во Бутел, втората уличка од алеата, до крајот на оградата, закопан е таму со мајка ми Слободанка.
Со почит
Јанко Илковски





