Јањатов: „За палежот на ‘Михајлов’ се виновни ЕУ и македонската политика – Ламбе се залепи како мува на мед“

„За настанатата ситуација со опожарувањето на бугарскиот културен центар ‘Ванчо Михајлов’ во Битола е виновна Европската Унија. Ваквиот случај претставува последица и на неконзистентната македонска политика, при што сторителот само се залепил како мува на мед. На овој начин публицистот и поранешен дипломат Драган Јањатов за ‘Нова Македонија’ го толкува случајот што ја преокупира македонската јавност деновиве.“ – се наведува во статијата на Милко Живковиќ со наслов „Јањатов: ‘Опожарувањето на бугарскиот клуб e улична дипломатија, во која сторителот се залепил како мува на мед“, која ја објави весникот „Нова Македонија’.

Живковиќ пишува: „Тоа е рецидив на неконзистентната политика, при која македонското политичко водство нема став ниту стратегија, а момчето само се залепило како мува на мед. Таквата постапка не е добра, но вакви случаи имало, а ќе има и понатаму, бидејќи претставуваат составен дел од македонско-бугарскиот политички фолклор. Ова е вид на улична дипломатија.’ – смета Јањатов, нагласувајќи дека палењето на една просторија не може да се одрази врз односите со Бугарија.“

„Многумина застанаа во одбрана на пејачот Ламбе Алабаковски по признанието оти го подметнал пожарот во бугарскиот клуб во Битола, изминатиот викенд, обидувајќи се да ја оправдаат неговата постапка.“

„Не држи тезата дека и македонскиот културен центар во Софија е напаѓан. Каде беа истите тие што ја кажуваат да го спречат отворањето на бугарскиот клуб во Битола, што воопшто не требаше да се случи?’ – прашува Јањатов.“

„Дипломатот од кариера се осврна и на најавите на францускиот претседател Емануел Макрон, кој соопшти дека е подготвен да ги пречека во Париз ‘кога ќе дојде време’ властите на Бугарија и на Македонија, со цел да се склучи билатерален договор, што ќе овозможи отворање на преговорите за пристапување на Македонија во ЕУ.“

„За оваа ситуација е виновна ЕУ, а не Македонија, ниту Бугарија. Бугарите знаат што сакаат и како да го остварат, ние не знаеме што сакаме и како да го оствариме. Ова што го прави Макрон е задоцнето. Сега не е време за документи, кои можат само да изнудат отстапки. Понатаму би требале да ставиме ад акта на ваквиот документ.’ – категоричен е Јањатов во неговите заклучоци.“