Јанез Јанша пак ќе биде словенечки премиер

Претседателот на Словенија, Борут Пахор, денеска го именува Јанез Јанша, за кандидат за нов премиер и побара од парламентот да го потврдат тоа.



Јанша е претседател на Словенечка демократска партија (СДС), најголемата парламентарна партија во таа земја и се очекува парламентот идната недела да го изгласа за премиер. Јанша, кој е прв човек на центро-десничарската .

Партијата на Јанша СДС формираше мнозинска коалиција со централнолевичарската Партија на современиот центар (СМЦ), конзервативната Нова Словенија и партијата за пензионерите Десус.

Досегашниот левичарскиот премиер Марјан Шарец, даде оставка минатиот месец, бидејќи неговата малцинска влада не успеа да протурка важни реформи.