Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски вели дека субвенционирањето на клима уреди нема логика кога произведената електрична енергија ја добиваме од РЕК Битола и ТЕЦ Неготино со загадување и јаглен од увоз.



„Каква е логиката од субвенционирање на клима уреди кога енергијата не ја добиваме од обновливи извори.

Овие средства во буџетот на градот треба да се пренаменат за поставување на фотоволтаици по училиштата и со заштедата на енергија ќе го намалиме загадувањето во државата. Затоа ова и не е некое решение за поздравување.

Рекордни 24 милиони денари издвојува Град Скопје од буџетот за 2022-ра година за субвенции за купување инвертер – клима уреди.

Ова е најголема сума на средства кои биле издвоени во изминатите години“, напиша на фејсбук Јаневски.