Сите осум присутни членови на Советот на јавни обвинители вечерва на вонредна седница едногласно одлучија да ја разрешат специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
Седницата на Советот дојде по денешната седница на Собранието каде 102 пратеници го поддржаа предлогот за разрешување на Јанева
„Советот на јавни обвинители на денаешната седница едногласно одлучи да ја разреши од функцијата специјален јавен овинител Катица Јанева поради нестручно, незаконско и несовесно работење”, изјави претседателот на Советот на јавни обвинители Ацо Колевски по завршувањето на седница.
Колевски на прес-конференција соопшти дека според Законот за СЈО, нема услови за поставување вршител на должност специјален јавен обвинител, бидејќи предлогот за именување го дава Собранието.
На прашањето што ќе се случува со останатите обвинители од СЈО, Колевски рече дека тие најверојатно ќе бидат распоредени во обвинителствата од каде што дошле во СЈО.





