Јанева несовесно работела, предлог Собранието да ја разреши

Без дискусија и едногласно Комисијата за избори и именувања денеска одлучи да му препорача на Собранието да ја разреши Катица Јанева поради незаконско, нестручно и несовесно раководење со СЈО, изјави Илија Димовски, претседател на собраниската комисија.



На новинарско прашање дали во извештајот од Светот на обвинители, кој беше класифициран, имало доволно силни докази за итно разрешување на Јанева, претседателот на Комисијата Илија Димовски одговори потврдно.