Поранешната шефица на СЈО осудена на 7 години во случајот „Рекет“ ќе бара одложување на затворската казна поради здравствени причини.
Адвокатката на Катица јанева, Ирена Фрчовска во изјава за Телма вели дека ќе поднесат и вонреден правен лек до Врховниот суд, но ако не успеат тука ќе се жалат и во Стразбур пред меѓународниот суд за човекови права.
Апелација вчера ги потврди првостепените пресуди за Катица Јанева и пресудата од 9 години затвор за Бојан Јовановски-Боки 13.
Законот дозволува од оправдани причини тие да бараат одложување.







