Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, од затворот во Шуто Оризари беше спроведена во домашен притвор во станот на нејзиниот син Лазар откако Апелациониот суд денеска го прифати нејзиното барање.
Таа беше покриена со качулка на главата, а од комбето до станот ја спроведоа двајца полицајци, пренесе Макфакс





