Јанева денеска во Обвинителството, ќе даде ли исказ?

Основното јавно обвинителство вчера соопшти дека е завршена истрагата за осомничените во случајот „Рекет“ и тоа денеска би требало да ѝ биде соопштено и на Катица Јанева која е повикана на распит.



Се поставува прашање дали и поранешната шефица на СЈО ќе постапи исто како и првоосомничениот во истрагата, Бојан Јовановски- Боки 13, кој вчера одби да даде исказ бидејќи немал увид какви докази има ОЈО против него.

Јанева претходно даде исказ пред обвинителката Вилма Русковска ден пред да биде притворена на 21 август.