Јанев: Бугарија нема да одобри почеток на преговори со Македонија на 22 јуни

Техничкиот бугарски премиер Стефан Јанев смета дека Бугарија не е во ситуација да отстапи или да направи компромис со својата позиција и да даде одобрение за почеток на преговорите за членство на Македонија во Европската Унија за време на Советот за општи работи на 22-ри јуни.



Според него, не само техничката влада, туку и парламентот, со утврдената рамка во 2019 година, давааваат јасни насоки за бугарската национална позиција..

Бугарија нема да ја одобри рамката за преговори со Македонија во сегашната форма. Привремената влада не е во состојба да направи таков чекор напред во овој поглед, додаде Јанев.

За утрешната посета на премиерот Зоран Заев на Софија, тој вели дека требада се се разговара како соседи и да се бара решение.

„ Ако сега можеме да подготвиме потенцијално решение, по изборот на парламентот решението може да се бара во наредните месеци“.