„Наместо да слушнеме нешто кое ќе не’ смири и ќе не’ обедини, денеска слушаме урликање на микрофони, од повредени ега кои имаат ЛИЧНО прифатено да вршат јавна функција. Вперување прст повторно кон народот и кон се’ околу, освен таму каде што треба. Зарем 40-тина семејства не можат да се стават под контрола? Зарем 2 милиона треба да страдаат поради тие 40-тина семејства? Зарем не треба да соработуваат сите владини институции? Зошто не кажете јавно кој однатре ги кочи мерките?! Удри по народот и по новинарите.



Немој никако да удриш по МВР, МПЦ, ИВЗ, власта, инспекторите! Немој! Немој кон нив да го посочиш прстот. Немој да кажеш дека тие дозволија луѓето да си се собираат по ифтари. Луѓе да си шетаат по паркови, да си прават „групировки“, пишува во подолгиот статус на Фејсбук, новинарот Огнен Јанески, по вчерашната, како ја нарекува, срамна прес конференција на Д-р Караџовски,.

Денеска, д-р Караџоски од ИЈЗ излегува на прес-конференција и е ифрит-лут, вика и кара мали деца, зашто посочува дека тоа што КЗБ посочила за мерка, не се испочитувало, па работата нивна е исклучително отежната. Па за тоа го нападна народот, а не’ нападна и нас – медиумите, сите на купче турени заедно. Оти не сме ја пренесувале неговата света стручност. Може ни е и лут дека не сме студирале и специјализирале со него епидемиологија, а притоа имаме интерес во неговата работа, која интердисциплинарно ги врзува и економијата, туризмот, угостителството, животот, социологијата, психологијата.

Сите околу се виновни. Никој не погледнува кон себе. Треба да се има на ум дека кога показалецот го вперувате кон некого, останатите три прста ви се вперени кон вас. Караџоски веќе заборава дека пресот не е за него, туку за пандемијата…“, пишува Јанески.

https://www.facebook.com/janeski.ognen/posts/1591610760992638