„Како кула од карти им се руши предметот ’27 Април’. Стигаат пресуди дека државата, судиите и обвинителите ги прекршиле правата на обвинетите. Ова е само почетокот, финалето следи за многу брзо. ’27 Април’ е најголемиот монтиран процес во поновата македонска историја и тие што го монтираа мора да одговараат! За многу брзо од денес, кога ќе имаме нормална извршна власт, кога ќе имаме нормална судска власт и нормални обвинители, предметот ’27 Април’ ќе ја добие вистината и правдата бидејќи ние, нашите семејства и македонскиот народ заслужува да ја знае вистината. Да живее Република Македонија“, напиша Јане Ченто, по денешната, една во низа пресуди, на Стразбур.
За Јане Ченто, кој е осуден за „27 април“, Апелација утврди дека полицаец излажал дека не го почитувал домашниот притвор, поради што заврши зад решетки, посочува дека правдата доаѓа.
Неговиот став доаѓа откако Европскиот суд за човекови права утврди дека Митко Пешов и Спиро Ристовски незаконски биле држени во притвор.






