Во писмо до управата на Истражниот затвор во Шуто Оризари, Јане Ченто кој е во притвор за случувањата на 27 април, признал дека погрешил и дека е виновен за инцидентот на 18 јануари годинава, кога при вонреден претрес на неговата келија предизвикал тепачка откако му бил пронајден мобилен телефон што одбивал да го предаде.
Ченто наведува дека ја прифаќа одговорноста за постапката, се извинува и бара да му биде простено за грешката, информираат од Управата на Истражниот затвор во Шуто Оризари,





